CSA Speakers @ Triple S

10
септември
2008

Веб страна креирана за ексклузивна презентација на компанијата CSA Speakers @ Triple S која е претставник на CSA – Celebrity Speakers Associates за републиките на Македонија, Хрватска, Србија и Словенија.

Како првична намена, оваа веб страна има за цел да го комплетира корпоративниот идентитет на CSA – Triple S.

Според инструкциите дадени од страна на клиентот, Imaginative Advertising имаше задача да конструира веб страна која ќе има елегантен бизнис впечаток затоа што светската елита како што се бизнис гуруата, добитниците на Нобеловата награда, легендите од спортот итн. ќе бидат претставени токму тука.

Тимот на Imaginative Advertising одговори со комбинација на речиси стандардна стуктура на веб сајтот придружувана од мали Flash елементи.

Но најважниот дел од елегантиот впечаток беа боите.

Според многу истражувања темно плавата боја се користи да пренесе авторитет, корпоративна стабилност, доверба, безбедност и наследство.

Сивата боја како и нејзините варијации пак се користат да се пренесе трезвеност, практичност, корпоративен менталитет како и авторитет и доверба.

Според тоа нашиот избор беше направен.

Доминацијата на сивкастите и темно плави градиенти зрачат и го истакнуваат моќниот повик на бизнисот што сите спикери ќе Ви го овозможат Вам или на Вашата компанија.

До сите наши посетители – слободно оставете Ваше мислење за проектот и пристапот.

.


Leave a Reply