Toyota baby!

29
август
2008

Насловот ја опишува нашата прва реакција кога ја добивме веста дека понудата за изработка на официјална веб страница за Тојота Македонија е прифатена. Со тоа се поврати мојата верба во посветеноста на напорната работа која навистина ја сакаш и знаеш дека е ценета. Најважната работа е тоа што оваа веб страница и ” Тојота Авто Центар” како клиенти дојдоа во време кога нашата агенција беше на почеток и се боревме да го пробиеме нашето име и нашиот начин на работа. Овај проект го претставуваше нашиот најголем тест досега, но бевме решени да го надминеме предизвикот наречен Тојота . . .


Брошура за ТриплеС

13
август
2008

Графички дизајн на брошураКреирањето на брошура за ТриплеС беше вистинско задволство за нас, затоа што добивме задача да направиме луксузен дизајн т.е. квалитет без компромиси. Резултат на тоа беше краен производ кој ги задоволи нашите високи критериуми и очекувањата на нашите клиенти.


Спортски обложувалници Џокер

5
август
2008

При креирањето на веб страницата за JOKER.COM.MK тргнавме со еден интересен дизајн кој ни се допадна и на нас и на нарачателот, но откако ги звршивме сите HTML страни, заклучивме дека после многубројните измени кои ги направивме проектот појде во грешна насока. Затоа прекинавме со работа и почнавме одново, ги редизајниравме сите страни со различен дизајн, додадовме мала интерактивност (поиграјте си со топката), додадовме и модул за резултати во живо и калкулатор на добивка, и веб страницата за оболожувалниците ЏОКЕР стана интересна и забавна за секој посетител.

Sport Betting Joker


Bouda Tuning веб страна

4
август
2008

BOUDA-TUNING.AT веб страницата креирана е комплетно во FLASH со динамичка презентација на секој дел од бизнисот на Bouda Tuning, преку интро, навигација и текстови. Веб страницата е креирана врз основа на CORPORATE IDENTITY изработен од страна на Imaginative Advertising.

Bouda Tuning