„Работењето со Дејан и Imaginative Advertising беше извонредно. Ни беше потребна веб страница која не само што ќе има одличен дизајн но исто така која ќе привлекува посетители и која ќе се поврзе со вистински луѓе. Ние сме во бизнисот со храна. Требаше да ја раскажеме нашата моќна приказна наједноставно и најдобро што може. Сакавме го прикажеме најдоброто со помош на одлични фотографии и да ги направиме сите посетители гладни и најважно – да припаѓаат. Дејан го реализира проектот со страст, прецизност и целосна посветеност. Imaginative Advertising се најдобри!
Мисијата е завршена!“
Mark Balasa
Директор на маркетинг и продажба
Glier’s Goetta Company
Covington, KY USA
www.goetta.com
No Comments »
„Imaginative Advertising поседува талент и стил за да го трансформира обичното во нешто атрактивно, шармантно и елегантно. Токму оваа визија го однесе нашиот веб сајт на следното ниво и му даде одличен визуелен изглед. Задоволни сме од професионализмот на оваа компанија и многу возбудени поради нашиот нов веб сајт“!
Kim Jehn
Менаџер за односи со клиенти
PRISM Title & Closing Services, Ltd.
http://www.prismclosings.com
No Comments »
„Кога веќе Вашата работа од полето на адвертајзинг е објавена, не се важни оправдувањата.
Не е важно дали имавте доволно време или клиентот бил идиот.
Најважно е што сте дизајнирале и дали тоа е добро или лошо“.
-Мајкл Бијрут
No Comments »
„Како автор чиј што главен извор на бизнис е преку интернет продажба, премногу е важно мојата веб страна да биде од највисок квалитет, лесна за навигација и визуелно допадлива така што секој посетител е „обврзан“ да остане, да пребарува и како крајна цел е да ја купи мојата книга. Imaginative Advertising не само што креира и инсталира веб страна што ги нуди овие резултати туку ги надминаа сите мои очекувања.
Покрај овие супериорни резултати, мојот проект беше реализиран со целосен професионализам, внимание на детали, навременост и проактивна комуникација.
Ги препорачувам Imaginative Advertising на сите оние кои се спремни својот квалитет да го однесат на следното ниво“.
Jane Schulte, Author Work Smart, Not Hard! and BOLD Leadership.
http://www.stop-struggling.com
No Comments »
Веб страна креирана за ексклузивна презентација на компанијата CSA Speakers @ Triple S која е претставник на CSA – Celebrity Speakers Associates за републиките на Македонија, Хрватска, Србија и Словенија.
Како првична намена, оваа веб страна има за цел да го комплетира корпоративниот идентитет на CSA – Triple S.
Според инструкциите дадени од страна на клиентот, Imaginative Advertising имаше задача да конструира веб страна која ќе има елегантен бизнис впечаток затоа што светската елита како што се бизнис гуруата, добитниците на Нобеловата награда, легендите од спортот итн. ќе бидат претставени токму тука.
Тимот на Imaginative Advertising одговори со комбинација на речиси стандардна стуктура на веб сајтот придружувана од мали Flash елементи.
Но најважниот дел од елегантиот впечаток беа боите.
Според многу истражувања темно плавата боја се користи да пренесе авторитет, корпоративна стабилност, доверба, безбедност и наследство.
Сивата боја како и нејзините варијации пак се користат да се пренесе трезвеност, практичност, корпоративен менталитет како и авторитет и доверба.
Според тоа нашиот избор беше направен.
Доминацијата на сивкастите и темно плави градиенти зрачат и го истакнуваат моќниот повик на бизнисот што сите спикери ќе Ви го овозможат Вам или на Вашата компанија.
До сите наши посетители – слободно оставете Ваше мислење за проектот и пристапот.
.

No Comments »

Насловот ја опишува нашата прва реакција кога ја добивме веста дека понудата за изработка на официјална веб страница за Тојота Македонија е прифатена. Со тоа се поврати мојата верба во посветеноста на напорната работа која навистина ја сакаш и знаеш дека е ценета. Најважната работа е тоа што оваа веб страница и ” Тојота Авто Центар” како клиенти дојдоа во време кога нашата агенција беше на почеток и се боревме да го пробиеме нашето име и нашиот начин на работа. Овај проект го претставуваше нашиот најголем тест досега, но бевме решени да го надминеме предизвикот наречен Тојота . . .
1 Comment »
Креирањето на брошура за ТриплеС беше вистинско задволство за нас, затоа што добивме задача да направиме луксузен дизајн т.е. квалитет без компромиси. Резултат на тоа беше краен производ кој ги задоволи нашите високи критериуми и очекувањата на нашите клиенти.
1 Comment »
При креирањето на веб страницата за JOKER.COM.MK тргнавме со еден интересен дизајн кој ни се допадна и на нас и на нарачателот, но откако ги звршивме сите HTML страни, заклучивме дека после многубројните измени кои ги направивме проектот појде во грешна насока. Затоа прекинавме со работа и почнавме одново, ги редизајниравме сите страни со различен дизајн, додадовме мала интерактивност (поиграјте си со топката), додадовме и модул за резултати во живо и калкулатор на добивка, и веб страницата за оболожувалниците ЏОКЕР стана интересна и забавна за секој посетител.

No Comments »
BOUDA-TUNING.AT веб страницата креирана е комплетно во FLASH со динамичка презентација на секој дел од бизнисот на Bouda Tuning, преку интро, навигација и текстови. Веб страницата е креирана врз основа на CORPORATE IDENTITY изработен од страна на Imaginative Advertising.

No Comments »